Без големи промени што се однесува до пласманот на најдобрите македонски тенисер во машка и женска конкуренција, Димитар Грабул и Лина Ѓорческа, минува и денешното најново рангирање на АТП и ВТА листите.
Најдобриот македонскиот тенисер Димитар Грабул забележа прогрес од едно место на најновата АТП ранг-листа. Грабул сега е на 517-то место во поединечна конкуренција, додека во двојки тој бележи пад од две позиции и сега е на 1.150 место на АТП-листата.
Сосема поинаква е ситуацијата со најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во поединечна конкуренција забележа пад од седум позиции на ВТА-листата и сега е на 527- место, додека во конкуренција на двојки напредуваше за пет места, па сега е на 405 позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


