Стотина демонстранти, кои носеле руски знамиња, упаднаа денеска во зградата на обласната управа во украинскиот град Донецк и зазедоа два ката од неа, јави ИТАР-ТАСС.
Агенцијата посочува дека во моментов во зградата има околу 20 новинари и членови од Обласниот совет, но не и полицајци.
Демонстрантите се незадоволни од денешните одлуки на обласната администрација, а посебно од тоа што со тајно гласање за нов претседател на Обласниот совет е избран Андриј Шишацки, кој вчера на барање на учесниците на протестите беше сменет од функцијата гувернер на Областа од страна на в.д. претседателот на Украина, Олександр Турчинов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Инвеститорот на објектот кај „Мајчин дом“: Ќе поднесам тужби ако ми се кочи градбата



