| четврток, 6 декември 2018 |

Капиталните проекти ќе ја намалат невработеностa

 mile-janakieski

Огласот на компанијата „Актор“ за ангажирање градежни работници е втор за реализација на капиталниот проект за делницата Демир Капија – Смоквица на Коридорот 10.

– Тоа само покажува дека таквите капитални проекти ги стимулираат компаниите да ангажираат дополнителни невработени за навремено да ги реализираат владините инвестиции – вели министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Во првиот оглас се бараа 450 работници, сега 350 работници од цела Македонија.

– Дополнително, изградбата на двата нови автопатишта ќе ја зголеми побарувачката на градежни работници за овие проекти. Како што ветивме, тоа го направиве преку законска обврска. Поголем дел од работниците ќе бидат Македонци, со што стимулираме ангажирање домашен градежен кадар – додава министерот Јанакиески.

Досега на потегот Демир Капија – Смоквица околу 35 проценти од работата е завршена, а според роковите се очекува до крајот на септември да заврши изградбата на целата делница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top