Изминатиов период градежниот сектор е главен двигател во економскиот развој во земјава со започнатите капитални инвестиции. Градежните активности кои се прават на терен ја ангажираа цела градежна работна сила. Градежните компании се соочуваа со недостиг на градежен кадар, бараат работник повеќе. Оттаму велат дека се трудат на сите можни начини недостигот од градежници да се надмине. Излезот го гледаат со отворање на Академија за градежни работници при Сојузот каде во соработка со градежната комора би се едуцирале односно доквалификувале работниците од други струки кои не се вклучени на пазарот. Обуките за работниците предвидено е да е траат од еден до три месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.