Во Србија на големо се работи на автопатот на Коридорот 10 кон нашата граница. И тоа толку на големо што и на големо се греши. Настрана сите кардинални пропусти направени на делницата од Прешево до Ниш, за кои треба да судат стручните и корисниците на автопатот (на пример, влезот за Врање е на излезот од градот кон Владички Хан), она за што секогаш се обвинува, патната сигнализација, на оваа делница е доведена до совршенство – и тоа комично.
Во близина на Лесковац пред вклучувањето на новиот автопат на голема зелена табла со кирилица и латиница се испишани поголемите населени места до кои води патот. Арно ама, за да биде појасно, сепак е центар на јужна Србија, Ниш добил латинична и кирилично-латинична верзија.
На само сто метри од меовитиот натпис е наплатната рампа, но вработените не забележале ништо необично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.