| четврток, 6 декември 2018 |

Клучен меч за „вардарки“ на 8 март, не доаѓа предвид пораз од Турингер

Женскиот ракометен клуб Вардар ќе го игра клучниот меч за пласман на фајналфор турнирот во Лигата на шампионите, за празник на 8 март во Германија против Турингер, а пораз не доаѓа предвид.

Калкулациите велат дека на девојките во црвено-црно им одговара секој друг резултат освен пораз во мечот против првопласираната екипа од Групата 1 во последната фаза по групи.

Моментно, Турингер е лидер со 6 бода, пред Вардар со 5, Митјиланд со 4 и Сафехов со еден бод. Варијантата што не им одговара на шампионките од Македонија е да останат без бодови во слендиот меч бидејќи потоа ништо не зависи од нив. Во таков случај постои варијанта Митјиланд да го победи Савехов на гости и во следниот меч на домашен терен да слави против Турингер, во ситуација кога Германките ќе имаат обезбеден настап на завршниот турнир. Во таков случај дури Вардар и да победи против Савехов во последното коло, ќе остане со куси ракави и еден бод зад дуото Турингер и Митјиланд, екипи што би имале по 8 бода, пред македонскиот шампион со 7 и Савехов со еден бод.

Добро е што „вардарки“ сами си ја кројат судбината, а за да се избегнат сите негативни сценарија, им треба најмалку реми на следниот меч со Турингер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top