
СВР Штип поднесе кривична пријава за 53-годишната Л.С. од Штип, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Имено, пријавената, директорка на ООУ „Ванчо Прке“ од Штип, во периодот од декември 2010 до крајот на 2012 година, искористувајќи ја својата службена положба, ги пречекорила границите на своите службени овластувања.
Директорката со непочитување на одредбите на Законот за јавни набавки, односно без прибирање на најмалку три понуди и без објавување оглас, повеќе пати извршила јавни набавки, со што на три правни лица од Штип им овозможила да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.001,175 денари и на едно физичко лице од Штип му овозможила да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 162.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


