Поранешната директорка на Психијатриската болница „Лопача“ денеска е осудена на 10 месеци безусловен затвор поради несовесно лечење и присилна хоспитализација. Се работи за пресуда во случајот на младата Ана Драгичевиќ, откриен во 2008 година, која пет години присилно и против своја волја била чувана во болницата.
Таму родителите ја довеле на 16 години, поради хомосексуалните склоности. Директорката Мирјана Вулин (68) требало да ја излечи од лезбејството.
Во текот на нејзиниот престој, Ана била врзувана, држена на одделот со полнолетни лица, примала силна антипхихозна терапија, иако немала психоза. Со помош на физичка сила ја врзувале и ја фиксирале со стомачен појас, траки за раце и нозе и во лудачка кошула. Како што е утврдено на судењето во Риека, тоа довело до развој на болест и дијагноза постравматично стресно растројство во вид на психички пореметувања и нестабилност.
До полнолетството, таа во болницата била задржана со одобрение од нејзините родители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шест вистински приказни за луѓето кои исчезнале без трага, пострашни и од хорор филмови
-
Училишната година почна со танц на шипка, директорката доби отказ (видео)
-
Хорор во Мексико: Задавила бремена девојка и и го украла мртвото бебе!
-
Приказна од која се крева косата на главата: Ја повикувавме мојата покојна сестра со прстен, а потоа бебето во креветчето…