Македонскиот ајвар руши рекорди, за пет години извозот пораснал за 67 отсто, се вели во анализата на весникот Капитал.
Весникот на својата интерент страна пишува дека производителите бараат поголеми стимулации од државата за добрите резултати кои ги остваруват да станат одлични.
Извозот на македонски ајвар за пет години порасна за 67,6%! Само лани домашните производители извезле 7,1 милион килограми ајвар, во вредност од 11,9 милиони евра.
„Нашиот извоз расте континуирано со годишни стапки од 20%-30% и тоа на два начини: со ширење на пазарите и со ширење на асортиманот“, изјавил за весникот Виктор Петков, сопственик на гевгелиската компанија Випро,
Топ пет пазари за македонскиот ајвар, според Капитал се:
1. Србија
2. Германија
3. Хрватска
4. БиХ
5. Австралија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кристина Агилера и Иги Поп одат кај него во ресторан да пробаат ѓомлезе и ајвар
-
Фонд за иновации, спиете ли мирно? Грант за овој изум за мешање ајвар! (видео)
-
Време е за ајвар: Еве како да ги излупите пиперките, без да ги валкате рацете (ВИДЕО)
-
Што ти значи балкански инает: За малку ќе завршел во канадски затвор поради ајвар, но сега го свртел системот во своја корист