| четврток, 6 декември 2018 |

Украина разгледува можност за затворање на границата со Русија

ukraina

Границата меѓу Украина и Русија би можела да биде затворена во блиска иднина, изјави денеска украинскиот заменик-премиер Виталиј Јарема.

– Моментно се разгледува прашањето за затворање на државните граници, како и за воведување строга контрола на преминувањето на државјани на Русија – изјави Јарема за локални медиуми.

Новите власти во Киев стравуваат од испраќање дополнителен број руски трупи на полуостровот Крим покрај тие што веќе се присутни во поморската база на руската црноморска флота во Севастопољ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top