| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на вечното грчко дерби меѓу Олимпијакос и Панатинаикос (видео)

Вистинска драма, засега без сериозни последици, му се случи на младиот нигерски фудбалер Мајкл Олаитан на вечното грчко фудбалско дерби меѓу Олимпијакос и Панатинаикос.

Во еден момент од мечот, Нигериецот од Олимпијакос падна како покосен на тревата, а веднаш интервенираа лекарите. Олаитан беше однесен во болница и е надвор од животна опасност. Засега не е објавено од кои причини Мајкл загуби свест за време на дерби.

Инциденти, како и секогаш, имаше, а настрада гостинскиот тренер Анастасиу, кој беше нокаутиран со тврд предмет, фрлен од делот од трибините со навивачи на Олимпијакос. Тие беа гневни по дебаклот од Панатинаикос со 0-3, што е неочекуван резултат бидејќи „црвено-белите“ беа апсолутни фаворити за победа против лутиот ривал кој е во голема криза. Стрелци на головите беа Прањиќ, Берг и Абеид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top