Германскиот министер за надворешни работи Френк Валтер Стеајнмаер изрази сомневање кон изгледите за евентуално исклучување на Русија од Г-8 и се заложи за смирување на состојбата во Украина.
-Г-8 е единствен формат каде ние од Западот разговараме со Русија. Мораме ли тоа навистина да го жртвуваме? , се прашуваше Стајнмаер во разговорот на првиот канал на германската државна телевизија АРД одговарајќи на прашање за можноста од исклучување на Русија од Г-8, кое го предложи американскиот државен секретар Џон Кери.
Стајнмаер додаде дека шефовите на владите меѓусебно ќе разговараат за тоа во текот на оваа недела.
-Мислам дека мораме да размислиме како би придонеле за смирување на состојбата во Украина, рече.
Американскиот државен секретар Џон Кери остро ја предупреди Русија и рече дека таа може да го загуби своето место на масата на големите сили во рамките на Г-8, доколку продолжи со инвазијата на Крим.
Франција и Британија веќе ги откажаа подготовките за своето учество на самитот на Г-8 кој треба да се одржи во јуни во Сочи, а Белата куќа најави дека и таа исто ќе постапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


