Во дерби дуелот во италијанскта „Сериа А“ лига Јувентус на гостински терен на „Сан сиро“ го совлада Милан со 2-0. Творци на победата беа Љоренте и Тевез во 44 и 68 минута. Со оваа победа „старата дама“ направи голем исчекор кон одбрана на титулата бидејќи ја зголеми бодовната предност пред Рома која сега заостанува 11 бода.
Во вториот натпревар игран вечерва во Италија Фиорентина која е аспирант за висок пласман и излез во Европа следната година загуби од Лацио со 0-1. Стрелец на едниствениот гол за лацијалите беше Кана во петата минута.
Горан Пандев со Наполи не успеа да победи на гостувањето кај Ливорно. Наполитанците одиграа само 1-1. Наполи поведе преку Мертенс од пенал во 32 минута, а израмни Ливорно со автоголот на Пепе Реина. Пандев играше до 70. минута од натпреварот.
Резултати 26 коло Италија:
Милан – Јувентус 0-2, Фиорентина – Лацио 0-1, Ливорно – Наполи 1-1, Верона – Болоња 0-0, Торино – Сампдорија 0-2, Сасуоло – Парма 0-1, Џенова – Катанија 2-0, Аталанта – Киево 2-1, Калјари – Удинезе 3-0, Рома – Интер 0-0.
Goal Llorente – Milan 0-1 Juventus – 02-03-2014 by Matuidi3
Goal Tevez – Milan 0-2 Juventus – 02-03-2014 by Matuidi3
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


