Големото дерби меѓу Атлетико и Реал заврши 2:2, благодарение на Кристијано Роналдо кој на десеттина минути пред крајот на натпреварот даде гол со кој беше одлучувачки за неговиот тим.
Во текот на натпреварот и двата тима имаа свои моменти и се чини дека изедначениот резултат е вистинска слика за тоа што се случуваше на стадионот „Винсенте Калдерон“, а Роналдо беше човекот кој ја продолжи серијата натпревари од кои Реал заминува непоразен.
Останатите стрелци на головите беа: Бензема во третата минута од натпреварот, а за Атлетико стрелци беа Коке и Габи. Со овој резултат Реал ја задржа предноста од три бода пред Атлетико.
Разликата од три бода во предност на Атлетико на табелата останува. Третиот конкурент за титулата Барселона може да го искористи нерешениот резултат во градското дерби и да се доближи на само еден бод зад лидерот Реал. Каталонците играат вечерва на домашен терен со Алмерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Официјално: Атлетико Мадрид ги продаде Карраско и Гаитан во Кина
-
Аргентинецот Нико Гаитан заминува од Атлетико Мадрид
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера





