Главниот и одговорен уредник на весникот „Слободен печат“ и на порталот „Плусинфо“ сите што планираат да гласаат за претседателот Иванов и за ВМРО ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори ги прогласи за „проста маса“.
Во својата колумна „Народе не биди проста маса, не им верувај“ директно се вклучи во кампањата за избори и побара од граѓаните да не даваат поддршка на владејачките партии.
Бранко Гервоски, криејќи се зад извинувањето што го употребувал терминот „проста маса“, сепак, тврди дека „треба да се биде навистина прост, ограничен и целосно заблуден за да се поверува во повикот на премиерот Никола Груевски народот на изборите да му даде 62 пратенички мандати за да не бил заложник на ДУИ и на Али Ахмети“.
Со тоа тој директно навреди, и тоа на лична основа, повеќе од 450 илјади луѓе коишто пред пет години го дадоа својот глас за претседател и над 500 илјади луѓе коишто пред само 10 месеци гласаа за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори.
„Независниот“ новинар Геровски во својата колумна јавно повикува граѓаните да не им веруваат на владините коалициски партнери, и со тоа директно ги прекрши сите новинарски стандарди за кои толку многу сака да зборува.
Дополнително, Геровски без никакво оградување ги прогласува за „слепци“ сите што не гледаат како него на политичката ситуација во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


