| четврток, 6 декември 2018 |

Прв пораз на ЖРК Вардар во ракометна Европа

На гостувањето во Икаст против тимот на Митјиланд ЖРК Вардар го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите (25-24).
Вардарки одлично го започнаа натпреварот и поведоа со 5-3. Митјиланд ја презема иницјативата по десеттата минута со брзи контра напади и неколку одбранети зицер удари на фанстатичниот голман Сабине Енглерт. Во првиот дел домаќинките успеаа да ја презема контролата на резултатот и до полувреме направија висока разлика од шест гола (15-09). Во вториот дел Митјиланд ја продолжи својата игра и набрзина ја зголеми разликата. Кога се чинеше дека составот на Индира Кастратовиќ ќе доживее вистинска резултатска катастрофа на сцена стапи расположената Амандин Лејно на голот. Таа како да им даде крила на своите соиграчи и по тајмаутот на Кастратовиќ заигаа феноменално. Подвижни во обраната и прецизен напад и реализација од изградени акции, разликата се намалуваше. Во нападот неприкосновена беше најдобриот светски играч Андеа Лекиќ која набрзина нанижа шест голови. Енглерт веќе не можеше да ги процени ударите на Костјукова и Дембеле и во вториот дел забележа само две одбрани. Сепак кон крајот на натпреварот на само еден гол разлика за Митјиланд домашниот терен си го направи своето. До 58 минута вечерва одличните судии од Полска досудија неколку сомнителни одлуки за домаќинот и не му дозволија на Вардар целосно да направи резултатски пресврт во мечот и на крај да се радува. Најефикасна беше Лекиќ со седум погодоци, Зебиќ постигна четири, а Дембеле и Костјукова дадоа по три гола. На голот брилјираше Лејно со 15 одбрани.
Вардарки покажаа карактер дека се тим кој може да се носи со најголемите ракометни клубови во Европа и заслужува пласман на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите. За тоа треба да се освои едно од првите две места на табелата во својата група.
Следниот натпревар Вардарки повторно го играат нагости против лидерот во нашата табела Турингер кој во ова коло славеше нагости против Савехоф со 32-26.
Вардарки веќе еднаш славеше против Турнигер на мечот во Скопје кога високо ги совладаа германките со 31-25.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top