Новата украинска влада ја поништи одлуката на претходната влада за престанок на подготовките за потпишување на договорот за приближување кон ЕУ и се продолжува работата на тоа подрачје, објавија руските медиуми.
Уредникот за Европа на британскиот „Гардијан“ Ијан Трејнор верува дека се можни само две сценарија во Украина: грузиско или југословенски. Во случајот на грузиското сценариот, што е најпозитивно можно сценарио, Путин би поминал една недела во поставување на своите трупи, обезбедувајќи нови факти на терен, а потоа да се вклучи во преговори за иднината на Украина и Крим од позиција на посилна страна.
– Доколку Путин сакаше тоа да го постигне, тогаш неговата мисија е практично завршена, верува Трејнор.
Но постои и полошо сценарио, кое трејнор го нарекува „југословенско“.
– Можно е целта на Путин да биде економско уништување на Украина до точка каде повеќе нема да може да функционира како самостојна држава. Потоа би го проширил своето влијание од Крим на источна Украина, игнорирајќи ја новата украинска влада и би ја поделил земјата на два дела што сигурно би довело до граѓанска војна.
– Веќе во почетните фази, видлива е тактиката и методологијата со која се служеше Слободан Милошевиќ во војните во поранешна Југославија, пишува Трејнор.
– Ако Путин одлучи да биде следниот Милошевиќ, запад беспомошно ќе гледа нова поделба на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


