Медиумите под контрола на СДСМ, а финансирани од фондацијата „Сорос“, раководена од високи претставници на опозицијата, по кој знае кој пат ги потврдија двојните стандарди врз основа на кои функционираат во јавниот простор.
Вознемирени од огромната поддршка што ја доби досегашниот претседател Иванов на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и анкетите што покажуваат уште еден пораз на СДСМ и на претседателските и на предвремените парламентарни избори, тие се впуштија во црна кампања против Тони Михајловски, кој не е ниту кандидат за која било позиција на престојните избори ниту е политичар. Координирано на своите десетина медиуми и преку социјалните мрежи упорно се трудат да оцрнат еден уметник, наместо, како што е ред, да предложат проекти и идеи за подобар живот.
Болката за Бранко сѐ уште огромна
Актерот Тони Михајловски, кој ја водеше конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, беше „растргнат“ од медиумите на опозицијата само затоа што се осмели да каже шега за екслидерот на опозицијата Бранко Црвенковски, кој, патем речено, во моментов има незначителни 1,3 процент рејтинг кај народот.
Михајловски беше нападнат само затоа што во негов стил го кажа тоа што го зборуваат стотици илјади луѓе на улица, на пазар, во фирми, во институции, во партии… Една шега за омилениот лидер ги фрли во паника опозициските медиуми и нивните вечни главни и одговорни уредници.
Кој е тој што може да каже нешто лошо за Бранко и за неговите линии се запрашаа тие и веднаш координирано со демек невладините активисти коишто црпат тешки буџети од „Сорос“ се нафрлија на Тони Мијајловски. И сето тоа само поради една шега за нивниот никогаш непрежален лидер во чие време беа неприкосновени на медиумската сцена.
Од друга страна, истите тие што кога нивната партија има интерес се залагаат за чест и доблест, за критериуми и правда со месеци систематски ги премолчуваат не само несмасните шеги на нивниот идеолошки лидер. Кога таканаречениот Саше Аналитико, Политико, основач, сопственик, главен и одговорен уредник и кој знае уште што, на еден „независен“ медиум финансиран од опозицијата преку „Сорос“ ќе навреди и ќе наклевети, тогаш за него нема ниту збор. А, разликата меѓу него и Тони Михајловски е огромна.
Додека Тони Михајловски се оцрнува за обичен скеч за којшто во друга пригода опозициските медиуми би рекле дека е израз на слобода на говор, за нивниот лидер Саше нема ни збор. Дури ни кога со најстрашни квалификации се оцрнуваат членови на семејства, се употребуваат најгнасни навреди кои не му личат на ниту еден, па и најзаблудениот приврзаник на Црвенковски.
За одвратната терминологија со која Сашето ја води политичката битка на СДСМ и испоставите на „Сорос“, опозициските медиуми молчат, ама затоа една шега за нивниот ментор со која се прикажува реалноста беше доволна да скокнат сите, несвесни дека не само политичките противници туку и секој нормален човек ќе сфати дека е двоен стандард, и политички спин поради кој и на 13 април и на 27 истиот месец и тие што сега плукаат и нивните наредбодавци ќе бидат казнети. Само затоа што народот е нормален и знае да препознае кој лаже, кој краде, а кој игра игри. И така веќе 8 години.
П.С.
Или можеби проблемот е во тоа што, за разлика од Сашето, којшто најголемиот патриотизам го покажа кога се качи на „ладата“ на опозицијата, Тони Михајловски беше во првите редови на бранителите во 2001 година.
Р.Р.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.