| четврток, 6 декември 2018 |

Германската полиција откри кој го спакува во куфер Амза Зекири

albanec

Германската полиција го разреши убиството на 46-годишниот Албанец од Македонија, Амза Зекири кој беше убиен во октомври 2013 година, а неговото тело беше најдено неодамна спакувано во куфер во Хамбург.

Полицијата го уапсила едниот од синовите на Амза, а постариот син не се наоѓа во Германија и не се знае неговата локација.

Безживотното тело на Амза Зекири беше пронајдено на 6 февруари годинава, од страна на двајца 16-годишни случајни минувачи, спакувано во куфер.

Полицијата и порано имала индикации дека покојниот најверојатно бил убиен од блиски членови на фамилијата и затоа првостепено осомничени биле неговите двајца синови, 20-годишниот Аднан и 26-годишниот Фатмир.

Аднан е уапсен и испрашуван, при што го признал делото.

Хамбург актуел пишува дека според него, по вербален конфликт којшто го имал со покојниот татко, му го одзел животот и потоа заедно со брат му го спакувале во куфер и го однеле во Зинсдорф, северен Хамбург.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top