Ќе се субвенционираат приватните станоиздавачи во Охрид. Наместо 40 денари за ноќевање на туристите,како што плаќаа досега, отсега општината ќе им враќа десет денари назад, објави Канал 5.
Со оваа мерка на локалната самоуправа се очекува приватните станоиздавачи да не затајуваат туристичка такса.
-Во минатото бројот на гостите кои што реално спиеле не се прикажува адекватно во книгите за домашни и странски гости, односно врз основа на тоа се уплаќа помала туристичка такса. На овој начин верувам дека станоиздавачите ќе имаат мотивација плус реално да ја прикажуваат туристичката такса и бројот на ноќевања – изјави Ѓоко Апостолов раководител на Секторот за туризам.
Правилникот е изготвен,а субвенционирањето ќе започне годинава.
– Правилникот е подготвен, правните служби веќе го анализираат и сметам дека во брзо време ќе биде објавен и сите кои се согласно законот регистирани односно категоризирани како станоиздавачи од мал обем ќе може да се пријавуваат и да ги користат бенефициите – додаде Апостолов.
Во 2013 година општина Охрид инкасирала 14 милиони денари од наплата на туристичка такса што е за 13 % повеќе од претходната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.