| четврток, 6 декември 2018 |

Гвен Стефани го роди и третиот син

Гвен-Стефани1

Американската пејачка Гвен Стефани и нејзиниот сопруг Гивин Росдејл го добија својот трет син, пренесоа американските медиуми.

Бебето се родило во петокот и ќе се вика Аполо Бови Флин Росдејл.

Стефани (44) и нејзиниот сопруг Гивин Росдејл имаат две момчиња – Кингстон (седум) и Зума (пет години), потсетуваат медиумите.

Росдејл (48) од своја претходна врска ја има и 24-годишната ќерка Дејзи Лоу, која се занимава со манекенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top