Над 700 лица се жртви на насилствата во Ирак во текот на февруари, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на податоци на ОН.
Во податоците не е земен предвид бројот на жртвите во немирната провинција Анбар, каде силите за безбедност од јануари се борат со сунитски бунтовници и каде веќе има приближно 300 жртви.
Во останатите делови на земјата се убиени 703 лица, од кои 239 во престолнината Багдад. Од нив 564 се цивили, а 139 се претставници на силите за безбедност. Ранети се вкупно 1.381 лице.
Овие податоци покажуваат дека насилството во Ирак не се намалува по завршувањето на 2013 година, кога во земјата беа убиени 7.818 цивили. Овие податоци 2013 година ја претворија во
најкрвавата година за Ирак од 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



