Турски Рамстор ја шири својата мрежа во земјава. Ќе отвора два нови супермаркети во скопски Аерордром и во Куманово.
Досега турската компанија има свои супермаркети во Скопје, Тетово и Струга, а во змејава е присутна веќе седум години.
„На пазарот во Македонија сe уште има простор за нови супермаркети. Од конкуренцијата не се плашиме, таа треба да постои. Нема мала или голема и сериозна или несериозна конкуренција“, вели Кесемен за весникот „Капитал”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



