| четврток, 6 декември 2018 |

Возило од еден милион долари на скопските улици

Се движи на органско гориво не троши ништо , се регистрира еднаш во животот

Спектакуларното возило е моноволуменец со една коњска сила но е доволно силно да носи истовремено и патници и товар.

Екипата на „Република“ го забележа во близина на владата на РМ но поради големата брзина не можеше да се забележи дали е од моделот Нониус, Арапски, Влекач, Босански, Брдски  или Липицанер.

Замина во правец на Ѓорче Петров по главната скопска артерија улицата Партизанска.

Сопствениците велат дека слични модели на скопските улици можат да се видат секојдневно но ова е најнов модел кој светска премиера ќе има на саемот за земјоделство и животни во Солун догодина.

Се разбира шегата во овој текст е насочена кон градските власти и полицијата кои дозволуваат низ централното подрачје да сообраќаат возила кои што не се ниту осигурани ниту ги задоволуваат безбедносните стандарди.

Интересно би било да се види како по евентуален судир со ваквовозило учесниците ќе го нацртаат коњот на делот од европскиот записник на кој треба со слика да се објасни инцидентот. Со опаш или без опаш?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top