Македонскиот ракометен вицепрвак Металург доживеа срамен пораз во Белград од „фенерџијата“ во СЕХА лигата Партизан кој до овој натпревар имаше само една победа. Металург одлично го почна натпреварот и го диктираше темпото во првите 30 минути кога на полувреме отиде со високи пет гола разлика (15-10). Во вториот дел несфатливо лоша игра на тимот кој само пред една недела успеа да ја совлада голема Барселона во рамките од Лигата на шампионите. Партизан ја искористи шансата и успеа да направи целосен пресврт и да се радува по истекот на 60 минути (23-22). Младиот тим од Белград победи во последниот напад од мечот кога Радовановиќ со удар од повеќе од девет метри успеа да го совлада денеска индиспонираниот Мијатовиќ. Ова е трет пораз во низа за Металург во СЕХА лигата и на три кола пред крајот на регуларниот дел се наоѓа на петтото место на таблета и е се подалеку од завршниот фајнлфор турнир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


