Во 23. коло од германскиот фудбалски шампионат фудбалерите на Мајнц извојуваа голема победа во Леверкузен победувајќи ја домашната екипа на Баер со минимални 1-0. Македонскиот репрезентативец Николче Новески одигра одличен натпревар не дозволувајќи им на противничките напаѓачи да успеат да дојдат до голот на Мајнц и да ја затресат мрежата. Единствениот гол беше дело на Чупо Мотинг во 37 минута на натпреварот.
Борусија Дортмунд се враќа на одличните игри од пред неколку сезони врзувајќи две победи по онаа во Лигата на шампионите против Зенит. „Милионерите“ денеска го победија тимот на Нирнберг со 3-0. Сите голови беа постигнати во второто полувреме,а стрелци беа Хумелс, Левандовски и Мхтаријан. СО оваа победа Борусија се искачи на второто место на табелта зад неприкосновениот лидер Баерн Минхен кој има предност од цели 20 бода.
Дербито се игра во Минхен каде домашната екипа на Баерн го пречекува Шалке.
Резултати:
Аугсбург – Хановер 1-1, Вердер – Хамбургер 1-0, Баер Л. – Мајнц 0-1, Брауншвајг – Борусија М. 1-1, Борусија Д. –
Нирнберг 3-0.
Leverkusen 0-1 Mainz ourmatch.net by ourmatch
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



