| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер го освои Дубаи

Dubai Tennis ATP Championships

Швајцарскиот тениски ас Роже Федерер со победата во финалето на тенискиот турнир во Дубаи најави враќање на во неговата препознатлива форма од пред неколку години. Тој во финалето беше поуспешен од Чехот Томаш Бердих со 2-1 (3-6, 6-4, 6-3) во сетови. Повторно како и во полуфиналето против Ѓоковиќ со целосен пресврт успеа да дојде до победата. Бердих одлично го почна мечот освојувајќи го првиот сет и имаше брејк предност во вториот, но „Федекс“ заигра како во неговите најдобри денови и успеа да се врати целосно во натпреварот.

Dubai Tennis ATP Championships

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top