| четврток, 6 декември 2018 |

Десетина демонстранти ранети на прорускиот митинг во Харков

krim-foto-rojters-1393432767-452321
Десетина демонстранти настрадаа на прорускиот митинг во украинскиот град Харков, на чиј крај беше нападната и заземена зградата на обласната администрација, пренесоа француските медиуми.
Проруски настроените демонстранти го закачија руското знаме до украинското знаме на зградата на обласната администрација.
Во нападот, изведен од околу 300 демоснтранти, се слушнале истрели и експлозии.
Според ИТАР-ТАСС, ранетите демонстранти со 15 возила на брза помош биле префрлени од плоштадот до болниците во градот, а меѓу нив имало и најмалку еден припадник на силите на редот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top