Еден од ранетите во инцидентот вчера во Хајделберг, кога маж удри со автомобил во група пешаци, почина во болница од здобиените повреди, јави ДПА.
Починатиот имал 73 години и тој е германски државјанин.
Полицијата го застрела мажот, кој удри со автомобил три лица, влетувајќи во пешачка зона, на околу 150 метри од местото на нападот, откако тој побегнал и со нож им се заканувал на полицајците.
Според последните информации станува збор за 35-годишен Германец. Тој е повреден по интервенцијата на полицијата и е одведен во болница, каде е опериран.
Другите двајца повредени пешаци се 32-годишен Австриец и 29 –годишна државјанка на Босна и Херцеговина.
Според весникот „Билд“ мажот бил психички болен.
Засега не се познати неговите мотиви, но според полицијата не станува збор за терористички напад
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.