Познатата германска манекенка и фото модел Клаудија Шифер, која подолго време живее во Лондон со своето семејство, призна дека добила „непристоен предлог“ од еден неименуван арапски принц, за пари да се сретне со него.
Во интервју за британската ИТВ телевизија, Шифер откри дека принцот и понудил еден милион фунти, за да се согласи да биде со него на вечера.
Зборувајќи за овој настан како за „најбизарниот момент во нејзината кариера“ таа рече дека ја одбила понудата без размислување.
– Јас го одбив ваквиот предлог, но знам дека некои супер-модели би прифатиле, вели 43- годишната Германка.
Понудата на арапскиот принц, потсетува на американскиот филм „Непристоен предлог“ во која настапуваат Деми Мур и Роберт Редфорд, кога жената се согласува за еден милион долари да почне да живее со возрасен, богат човек, за да му помогне на сопругот да почне нов бизнис.
Според германската манекенка, не е се во парите.
-Сакам да можам слободно да излезам на улица и да бидам горда на себе, изјави Шифер во интервјуто за ИТВ.
Клаудија Шифер, од 2002 година, е мажена за филмскиот режисер Метју Вон и има три деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Врати се ангелу: Последната фотографија на манекенката која се обеси, кажува се!
-
Ова е момчето на исчезнатата Македонка кое си пукаше во глава
-
Сигурносните снимки ги откриваат шокантните последни моменти на манекенката која е пронајдена гола и мртва!
-
Манекенка пронајдена мртва на балкон: Полицијата вели дека е природна смрт, но поради ова никој не им верува…


