Грчкиот пратеник во разговорите за спорот за името Адамантиос Василакис вчера во Њујорк имаше средба со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.
Од Обединетите нации не дадоа повеќе информации за средбата, по која не објавија ниту соопштение.
Не е предвидено при оваа посета на Василакис во Њујорк да се одржи средба и со македонскиот претставник Зоран Јолевски. Се очекува Василакис да се сретне и со пратеникот на генералниот секретар за спорот
за името, амбасадорот Метју Нимиц.
При неговата средба со претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски минатиот септември, за време на Генералното собрание на Обединетите нации, генералниот секретар Бан Ко-мун најави дека лично ќе се заложи за интензивирање на разговорите меѓу Македонија и Грција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.