| четврток, 6 декември 2018 |

ИК на ВМРО ДПМНЕ решава дали ќе оди на предвремени избори

vmro-dpmne1_1

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претставници на партијата имаа средба со лидерите на помалите политички партии кои се нејзини коалициски партнери.

Вечерва заседава и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На состанокот треба да се донесе одлука дали да се прифати барањето на коалицискиот партнер ДУИ за одржување на предвремени парламентарни избори.

ДУИ донесе одлука да се побара одржување  на предвремени парламентарни избори бидејќи нема да поддржи ниту еден кандидат за претседател на Македонија за кого не постои консензус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top