
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не смее да дојде до ескалација на насилството во Украина во телефонскиот разговор со лидерите на Велика Британија и на Германија, како и се претседателот на Европскиот совет, соопшти официјален Кремљ.
Привремената украинска влада во петокот соопшти дека руските сили ја презеле контролата над двата аеродрома на полуостровот во Крим, единствениот дел на Украина кој има мнозинство руско население и последно место каде што симнатиот од власт, сега веќе поранешниот претседател Јанукович има поддршка.
Украинскиот парламент во петок го повика Советот за безбедност на ОН да одржи итна седница за да расправа за „горливите теми“ и кризата во земјата.
Парлементот побара од Русија да престане со наводното „кршење на украинскиот територијален интегритет и да не поддржува сепаратизам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


