| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно организира свои протести

vmro-dpmne1_1

СДСМ повторно креира сценарија кои имаат цел да предизвикаат немири и политичка дестабилизација во Македонија. Тоа секогаш го прават преку таканаречени невладини организации коишто се под нивна директна контрола – изјави Сашо Лазаревски од владејачката партија на денешната прес-конфереција.

Протестот кој вчера го најави таканаречената невладина организација „Македонска платформа против сиромаштијата“ е уште еден политички настан кој СДСМ се обидуваа да го претстави како израз на граѓанско незадоволство.

– СДСМ го организира утрешниот протест. Претседател на оваа таканаречена граѓанска органзиација е Мила Царовска, претседателка на Советот за социјална политика на СДСМ. Низ медиумите веќе почнаа да кружат информации дека учесниците на протестите ќе бидат донесени во Скопје, главно од општините во кои СДСМ е на власт, а за трошоците се задолжени приватни фирми, кои најчесто ги добиваат тендерите и јавните набавки во овие две општини – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно, СДСМ во неможност да понуди конкретна програмска понуда пред граѓаните, се обидува преку вакви сценарија да создаде тензии непосредно пред изборите.

По минатонеделниот неуспешен протест на наводните стечајци, кои беа организирани и координирани од високиот партиски функционер, Кире Наумов, СДСМ сега се обидува преку претседателката на Советот за социјална политика, Мила Царовска, да создава наводни тензии.

– Овие црни сценарија на СДСМ никогаш нема да се реализираат, пред сѐ, поради фактот дека оваа Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како никоја досега, работела во интерес на граѓаните на Република Македонија, а особено во интерес на најранливите категории на граѓани. Зар вака планираат да ја бараат поддршката на претстојните избори – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top