| четврток, 6 декември 2018 |

Вера Јосифова-Хорват: Штип заслужува да го има пијаниното на Брамс

Кол­ку де­ла соз­дал Јо­ха­нес Брамс на пи­ја­ни­но­то што од не­о­дам­на го по­се­ду­ва штип­ски­от му­зеј не е поз­на­то, но ка­ко што сто­јат ра­бо­ти­те, за еден ме­сец, прв на ова слав­но пи­ја­ни­но ќе му­зи­ци­ра не­кој од про­фе­со­ри­те по пи­ја­но на Фа­кул­те­тот за му­зич­ка умет­ност при штип­ски­от уни­вер­зи­тет „Го­це Дел­чев“, ко­га ќе би­де прет­ста­ве­но пред ма­ке­дон­ска­та јав­ност

Пи­ја­ни­но­то на кое поз­на­ти­от гер­ман­ски ком­по­зи­тор Јо­ха­нес Брамс во 1885 го­ди­на, за вре­ме на лет­ни­от од­мор сви­рел и го ком­по­ни­рал „Ун­гар­ски танц“, е во Му­зе­јот во Штип. Пи­ја­ни­но на кое сви­ре­ла ед­на од нај­мар­кант­ни­те му­зич­ки фи­гу­ри на 19 век Јо­ха­нес Брамс е по­да­рок од штип­јан­ка­та Ве­ра Јо­си­фо­ва – Хор­ват, ко­ја го ку­пи­ла од штип­ја­ни, кои го до­не­ле од Швај­ца­ри­ја.

– Си ре­ков, ова не при­па­ѓа ту­ка, не тре­ба да се чу­ва до­ма. Ова е го­ле­ма и вред­на ра­бо­та, ја поч­на Ве­ра сво­ја­та при­каз­на за од­лу­ка­та да го по­да­ри пи­ја­ни­но­то на Му­зе­јот во Штип.

Ве­ра Јо­си­фо­ва – Хор­ват е 74-го­диш­на штип­јан­ка. Гор­да на сво­јот ро­ден град Штип и на Ма­ке­до­ни­ја. Иа­ко со кре­вко здрав­је, ре­ши да изд­вои мал­ку вре­ме и да ни ја рас­ка­же при­каз­на­та за пи­ја­ни­но­то и за неј­зи­на­та љу­бов кон му­зи­ка­та. Таа е мош­не ре­ши­тел­на же­на, со сил­на вол­ја и со го­ле­ма жел­ба за афир­ма­ци­ја на гра­дот, кој го но­си во ср­це­то и од не­го ја цр­пи енер­ги­ја­та, иа­ко по­го­лем дел од жи­во­тот го по­ми­на­ла во Гер­ма­ни­ја и во Хр­ват­ска.

Reportaza-77-2

– Од 1967 го­ди­на до 1987 го­ди­на жи­ве­ев во Гер­ма­ни­ја, ка­де што ра­бо­тев ка­ко ла­бо­рант. Му­зи­ка­та се­ко­гаш би­ла мо­ја го­ле­ма љу­бов. Отсе­ко­гаш сум има­ла пи­ја­но во мо­јот дом. И во Гер­ма­ни­ја ко­га жи­ве­ев имав пи­ја­но во мо­јот дом. Жел­ба­та да би­дам пи­ја­нис­тка по­тек­ну­ва уште од мо­е­то нај­ра­но дет­ство, но мај­ка ми бе­ше са­мо­хран ро­ди­тел и мо­рав ме­сто му­зич­ко учи­ли­ште да за­вр­шам гим­на­зи­ја, а по­тоа и две го­ди­ни изу­чу­вав за ла­бо­рант, за на кра­јот во Бел­град да дип­ло­ми­рам де­фе­кто­ло­ги­ја. По­тоа со го­ди­ни ра­бо­тев во Гер­ма­ни­ја. Ко­га со мо­јот со­пруг се пре­се­лив во За­греб и та­му си ку­пив пи­ја­но, а по смрт­та на со­пру­гот, кој по по­тек­ло бе­ше од Хр­ват­ска, се вра­тив во Штип – рас­ка­жу­ва Ве­ра.

Пи­ја­ни­но­то го про­наш­ла во про­дав­ни­ца за му­зич­ки ин­стру­мен­ти во Штип, ка­де што сто­е­ло отфр­ле­но во ма­га­ци­нот. Про­да­ва­чот, не зна­еј­ќи ка­кво бо­гат­ство има, ед­вај че­кал да го про­да­де. Пи­ја­ни­но­то е ку­пе­но во Швај­ца­ри­ја и сопс­тве­ни­ци­те во­оп­што не зна­е­ле што има­ат во сво­ја сопс­тве­ност. Го про­да­ва­ле за 1.000 гер­ман­ски мар­ки во тоа вре­ме.

– Го по­диг­нав ка­па­кот, ви­дов де­ка е вре­ден ин­стру­мент и вед­наш го ку­пив. Во тоа вре­ме мо­јот внук изу­чу­ва­ше да сви­ри пи­ја­но, му бе­ше по­тре­бен ин­стру­мент за да веж­ба и за­тоа ба­рав да ку­пам пи­ја­но. Отка­ко го до­не­сов до­ма, ина­ку пи­ја­ни­но­то е мно­гу те­шко, има ме­тал­на кон­струк­ци­ја и мо­ра­ше осум ли­ца да го кре­нат за да го до­не­сат до мо­јот дом, по­сто­ја­но го чи­стев и го одр­жу­вав со го­ле­ма љу­бов. Зна­ев де­ка е вре­ден ин­стру­мент и еден ден го по­ви­кав де­ка­нот на му­зич­ка­та ака­де­ми­ја во Штип од ко­го по­ба­рав со­вет, а по­тоа и двај­ца­та ре­шив­ме да му го по­да­рам на му­зе­јот – ве­ли Ве­ра.

Во вна­треш­ни­от дел на пи­ја­ни­но­то стои поз­ла­те­на плоч­ка со да­тум 15 август 1888 го­ди­на, а на неа се вре­жа­ни збо­ро­ви­те на бла­го­дар­ност со кои Јо­ха­нес Брамс ѝ се заб­ла­го­да­ру­ва на фир­ма­та што го изра­бо­ти­ла, бла­го­дар­ност за уба­ви­те мо­мен­ти што ги до­жи­ве­ал при соз­да­ва­ње­то на сво­ја­та му­зи­ка.

– Ова е не­ве­ро­јат­но дра­го­цен по­да­рок од на­ша со­гра­ѓан­ка, ко­ја са­ма­та дој­де во на­ша­та ин­сти­ту­ци­ја и ука­жа де­ка го има пи­ја­ни­но­то на кое Брамс сви­рел и соз­да­вал му­зи­ка и де­ка са­ка да му го по­да­ри на му­зе­јот, – ве­ли Зо­ран Чи­тку­шев, ди­ре­кто­рот на За­во­дот за за­шти­та на спо­ме­ни­ци­те на кул­ту­ра­та и му­зеј – Штип.

– Се­га сме во тек на под­го­то­вка на рек­лам­ни па­ноа на кои ќе би­де прет­ста­ве­на би­о­гра­фи­ја­та на Јо­ха­нес Брамс и нај­поз­на­ти­те му­зич­ки де­ла што ги соз­да­вал. Уште отсе­га вла­дее ви­стин­ска тре­ска да се ви­ди пи­ја­ни­но­то, но, освен за ме­ди­у­ми­те, тоа за­се­га оста­ну­ва на­стра­на од око­то на по­ши­ро­ка­та јав­ност – ве­ли Чи­тку­шев.

Reportaza-77-3

Јо­ха­нес Брамс е гер­ман­ски ком­по­зи­тор од 19 век. Ком­по­ни­рал сим­фо­нии, кла­вир­ски кон­цер­ти, ка­мер­на му­зи­ка, а осо­бе­но се истак­нал со ком­по­зи­ци­и­те за со­ло-пес­ни. Ро­ден е во Хам­бург во 1833 го­ди­на, а по­чи­нал во Ви­е­на во 1897 го­ди­на. Кол­ку де­ла соз­дал на пи­ја­ни­но­то што од не­о­дам­на го има штип­ски­от Му­зеј не е поз­на­то. Ка­ко што се­га сто­јат ра­бо­ти­те, прв на ова слав­но пи­ја­ни­но ќе му­зи­ци­ра не­кој од про­фе­со­ри­те по пи­ја­но на Фа­кул­те­тот за му­зич­ка умет­ност при штип­ски­от уни­вер­зи­тет „Го­це Дел­чев“. Тоа ќе се слу­чи по најм­но­гу еден ме­сец, ко­га пи­ја­ни­но­то на кое ком­по­ни­рал Брамс ќе би­де прет­ста­ве­но пред ма­ке­дон­ска­та јав­ност.

Reportaza-77-4

То­дор Вит­ла­ров ја со­чу­вал пр­ва­та ма­ши­на за ши­е­ње ко­жа од „Бар­га­ла“

Во Штип е раз­ви­е­на чев­лар­ска­та ин­ду­стри­ја, во ко­ја се истак­ну­ва фа­бри­ка­та за чев­ли „Бар­га­ла“, ка­ко и не­кол­ку по­ма­ли чев­лар­ски фир­ми. Исто та­ка, во гра­дот се раз­ви­е­ни и пре­хран­бе­на­та ин­ду­стри­ја, гра­деж­ниш­тво­то, те­ле­ко­му­ни­ка­ци­и­те, про­из­водс­тво­то на ви­но, ме­тал­на­та ин­ду­стри­ја итн. Фа­бри­ка­та за чев­ли поч­на­ла со пр­ви­те ма­ши­ни за ши­е­ње ко­жа од фа­бри­ка­та „Син­гер“, а пр­ва­та штип­ска ма­ши­на, ко­ја му при­па­ѓа­ла на се­мејс­тво­то Вит­ла­ров, То­дор Вит­ла­ров му ја до­ни­рал на Му­зе­јот во Штип.

Му­зе­јот во Штип е отво­рен на 10 мај 1950 го­ди­на. Пр­ва­та по­ста­вка би­ла по­ста­ве­на во Ху­са–Ме­дин-па­ши­на­та џа­ми­ја и има­ла ет­но­ло­шки ка­ра­ктер, но на 11 октом­ври 1956 го­ди­на тој е пре­ме­стен во но­во­а­дап­ти­ра­на згра­да од ста­ро­град­ска ар­хи­те­кту­ра, поз­на­та ка­ко Ку­ќа­та на Ар­со­ви, а тоа се бра­ќа­та То­шо и Љуп­чо, на­род­ни хе­рои.

Reportaza-77-8

– Во исто­ри­ски­от дел на по­ста­вка­та има око­лу 1.000 вред­ни екс­по­на­ти од кои 500 се фо­то­гра­фии из­ло­же­ни на па­ноа, а дру­ги­те се оруж­је, мо­не­ти и до­ку­мен­ти из­ло­же­ни во ви­три­ни. Оруж­је­то е од ос­ман­ли­ски­от пер­и­од, Илин­ден­ско­то во­ста­ние, бал­кан­ски­те вој­ни, Пр­ва­та и Вто­ра­та свет­ска вој­на. Ов­де се чу­ва и ори­ги­нал­но­то де­ло „Раз­лич­ни по­у­чи­тел­ни на­став­ле­ни­ја“ од Јо­а­ким Кр­чов­ски. Кни­га­та е пе­ча­те­на е во Бу­дим во 1819 го­ди­на. Има­ме и сви­де­телс­тво на Трај­чо­ва Та­на, на кое е пот­пи­шан Го­це Дел­чев, кој во тоа вре­ме бил учи­тел и пре­да­вал че­ти­ри пред­ме­ти: исто­ри­ја, ге­о­гра­фи­ја, ге­о­ме­три­ја и фран­цу­ски ја­зик – ни рас­ка­жа Еми­ли­ја од му­зе­јот во Штип.

Reportaza-77-5

Цр­ква­та „Св. Ни­ко­ла“ по­се­ду­ва из­во­нред­на га­ле­ри­ја на ико­ни

Цр­ква­та „Св.Ни­ко­ла“ е ед­на од нај­ре­пре­зен­та­тив­ни­те са­крал­ни об­је­кти во Штип. Из­гра­де­на е од Ан­дреа Дам­ја­нов на ме­сто­то на по­ста­ра цр­ква од 1341 го­ди­на. Спо­ред нат­пи­сот над глав­ни­от за­па­ден влез, цр­ква­та би­ла за­вр­ше­на на 10 мај 1867 го­ди­на. Гран­ди­оз­ни­от ико­но­стас со­др­жи мно­гу­број­ни вред­ни ико­ни. На се­вер­ни­от дел од ико­но­ста­сот има 16 ико­ни, а на глав­ни­от ико­но­стас се на­о­ѓа­ат ду­ри 67 ико­ни, нај­го­лем дел од нив нас­ли­ка­ни во 1890 го­ди­на од стра­на на Ди­ми­тар Па­пра­ди­шки.

Reportaza-77-6Во 1990 го­ди­на, во рам­ки­те на цр­ква­та е отво­ре­на га­ле­ри­ја на ико­ни изра­бо­те­ни од поз­на­ти зо­гра­фи ме­ѓу 17 и 19 век. Исто та­ка, во га­ле­ри­ја­та има и ста­ри кни­ги, сре­бре­ни кр­сто­ви, ча­ши за бо­гос­луж­би, вен­чал­ни кру­ни, псал­ми, еван­ге­ли­ја и дру­ги са­крал­ни пред­ме­ти. Во јуж­ни­от дел на га­ле­ри­ја­та има 29 ико­ни од 18 и од 19 век, а во за­пад­но­то кри­ло на га­ле­ри­ја­та има 32 ико­ни од 19 век. Во се­вер­ни­от дел на га­ле­ри­ја­та има 31 ико­на.

По­ста­вка­та со­др­жи и илин­ден­ски знач­ки, кои ги до­би­ва­ле учес­ни­ци­те во во­ста­ни­е­то, ту­ка е над­гроб­на­та пло­ча на Ми­ше Раз­ви­го­ров, има ори­ги­нал­ни сви­де­телс­тва на учес­ни­ци­те во бал­кан­ски­те вој­ни, ру­ски и срп­ски саб­ји, фран­цу­ски шлем, ко­жен гер­ман­ски шлем, ори­ги­нал­ни фо­то­гра­фии од кра­лот Але­ксан­дар Ка­ра­ѓор­ѓе­виќ фо­то­гра­фи­ра­ни на 13 но­ем­ври 1924 го­ди­на при из­град­ба на ма­ла­рич­на­та бол­ни­ца во Штип, прос­ла­ва­та на Во­ди­ци, пр­ви­те пар­ти­зан­ски одре­ди, де­пор­та­ци­ја­та на Евре­и­те, де­ле­га­ти­те на Пр­во­то за­се­да­ние на АСНОМ, па сѐ до оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја на 8 сеп­тем­ври 1991 го­ди­на, со фо­то­гра­фии на пр­ви­от пре­тсе­да­тел Ки­ро Гли­го­ров, на пр­ви­от пре­ми­ер Ни­ко­ла Кљу­сев и на двај­ца­та штип­ја­ни ми­ни­стри во пр­ва­та ма­ке­дон­ска вла­да Јор­дан Ми­јал­ков и Ѓор­ги На­у­мов.

„Пал­ја­чи“ – пр­ва­та опе­ра во Ма­ке­до­ни­ја би­ла из­ве­де­на во Штип

Штип е поз­нат по тоа што пр­ва­та опе­ра во Ма­ке­до­ни­ја е из­ве­де­на ток­му во овој град. Тоа би­ла опе­ра­та „Пал­ја­чи“, из­ве­де­на во август 1925 го­ди­на, под­го­тве­на од стра­на на ру­ски­от еми­грант, му­зи­ко­ло­гот Сер­геј Ми­хај­лов. И де­не­ска сред­но­то му­зич­ко учи­ли­ште го но­си не­го­во­то име.

Штип е град во источ­ни­от дел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, по до­ли­на­та на ре­ка­та Бре­гал­ни­ца. Тој е еден од нај­ста­ри­те гра­до­ви во Ма­ке­до­ни­ја. Твр­ди­на­та Иса­рот е глав­но­то обе­леж­је на овој град и оду­ше­ву­ва со пре­крас­на­та па­но­ра­ма на це­ли­от град. Де­неш­ни­от изг­лед на твр­ди­на­та по­тек­ну­ва од 14 век, а во 2009 го­ди­на се откри­е­ни 30 ме­три од ту­не­лот што во­ди од ре­ка­та до вр­вот на Иса­рот, со што се по­твр­ди­ла ле­ген­да­та де­ка Штип бил осво­ен од ос­ман­ли­и­те пре­ку та­ен ту­нел под Иса­рот.

Reportaza-77-7

На са­ми­от влез во гра­дот ќе ве до­че­ка Емир Ќу­чук-сул­та­но­ви­от мост, кој бил из­гра­ден во 1672 го­ди­на. За вре­ме на Пр­ва­та свет­ска вој­на, пре­ку мо­стот по­ми­ну­ва­ла де­мар­ка­ци­ска­та ли­ни­ја, ко­ја го де­ле­ла гра­дот на срп­ски дел (на­сел­би­те од дес­на­та стра­на на Бре­гал­ни­ца) и на бу­гар­ски дел (ле­ва­та стра­на на гра­дот). Ма­ке­дон­ска­та ар­хи­те­кту­ра од тра­ди­ци­о­на­лен ка­ра­ктер се гле­да пре­ку град­би­те во Штип. Штип­ска­та Са­ат-ку­ла е спо­ме­ник на кул­ту­ра­та од 17 век и е под за­шти­та на др­жа­ва­та. Штип­ја­ни ја зна­ат ка­ко Са­ат-ку­ла, а таа е, всуш­ност, Бе­го­ва ку­ла. Спо­ред исто­ри­ски­те фа­кти ку­ла­та би­ла из­гра­де­на од тур­ски бег, што жи­ве­ел во Штип, но не­го­во­то име не оста­на­ло за­пи­ша­но. Тој ја на­пра­вил ку­ла­та за да го за­шти­ти се­мејс­тво­то во криз­ни вре­ми­ња. На об­је­ктот има­ло и пу­шкар­ни­ци и бал­кон, а еден век по­доц­на на ку­ла­та бил по­ста­вен и ча­со­вен ме­ха­ни­зам. Дел од ку­ла­та бил ур­нат во 1934 го­ди­на. Спо­ред ед­ни тол­ку­ва­ња, ури­ва­ње­то би­ло од без­бед­нос­ни при­чи­ни. Спо­ред дру­ги, тоа би­ло ре­зул­тат на не­ми­рот кај по­ши­ро­ка­та око­ли­на од сил­но­то от­чу­ку­ва­ње на ча­сов­ни­кот. Спо­ред ра­ко­пис на еден од лу­ѓе­то за­дол­же­ни за одр­жу­ва­ње на Са­ат-ку­ла­та, таа да­ти­ра од 1650 го­ди­на и е по­вр­за­на со ле­ген­да­та, ко­ја ве­ли де­ка тур­ски­от бег се вљу­бил во уба­ва­та штип­јан­ка Ан­ка. Са­кал да ја по­тур­чи и во тоа бил мош­не упо­рен. Таа за да се ос­ло­бо­ди од не­го, при­фа­ти­ла да се по­тур­чи, но под ус­лов бе­гот за воз­врат да из­гра­ди ку­ла, ко­ја ќе би­де и град­ски са­ат. Ан­ка мис­ле­ла де­ка бе­гот ќе се отка­же, но тој за мно­гу ку­со вре­ме ја из­гра­дил ку­ла­та и ја од­вел со се­бе мла­да­та штип­јан­ка.

Џа­ми­ја­та на Ху­са Ме­дин-па­ша е из­гра­де­на на рид на ле­ва­та стра­на од гра­дот. Об­је­ктот е поз­нат и ка­ко цр­ква­та на све­ти Или­ја би­деј­ќи се ве­ру­ва де­ка е из­гра­де­на на ос­но­ви­те на дре­вен хри­сти­јан­ски храм. Спо­ред ле­ген­да­та, џа­ми­ја­та би­ла из­гра­де­на во 17 век. Се ве­ру­ва де­ка цр­ква­та по­све­те­на на све­ти Или­ја би­ла из­гра­де­на ме­ѓу 13 и 14 век. Вед­наш до џа­ми­ја­та се на­о­ѓа гро­бот на Ху­са Ме­дин-па­ша. Во цен­та­рот на Штип се на­о­ѓа об­јект што по сво­ја­та ар­хи­те­кту­ра по­тсе­ту­ва на сред­но­ве­ко­вен ис­лам­ски па­зар. Се ви­ка Бе­зи­стен. Име­то по­тек­ну­ва од тур­ски збор што во пре­вод зна­чи: па­зар. Не­ма точ­ни по­да­то­ци за из­град­ба­та, но се прет­по­ста­ву­ва де­ка да­ти­ра од вре­ме­то ме­ѓу 16 и 17 век. Бил ко­ри­стен ка­ко па­за­рен цен­тар за раз­ме­на и за про­даж­ба на раз­но­вид­на сто­ка.

Штип­ска па­стр­мај­ли­ја

Отка­ко до­бро ќе се про­ше­та­те по штип­ска­та око­ли­ја или во гра­дот и ќе се по­тсе­ти­те на под­за­бо­ра­ве­ни де­та­ли од исто­ри­ја­та за тој крај, не­из­беж­но е да за­пре­те и да се од­мо­ри­те, но и да ги про­ба­те вкус­ни­те и крц­ка­ви па­стр­мај­лии. Ста­ри­те мај­сто­ри ни­ка­ко не ја откри­ва­ат тај­на­та на до­бра­та па­стр­мај­ли­ја. Тие љу­бо­мор­но го чу­ва­ат ре­цеп­тот на овој екск­лу­зи­вен штип­ски спе­ци­ја­ли­тет. Се­пак, доз­на­ва­ме де­ка штип­ска­та па­стр­мај­ли­ја се раз­ли­ку­ва од дру­ги­те по тоа што во неа има са­мо за­чи­не­то свин­ско ме­со, но не и си­ре­ње или јај­ца, кои мо­же да се до­да­дат на ова ја­де­ње.

Освен ве­ќе поз­на­та­та па­стр­мај­ли­ја, во Штип се ја­де и спе­ци­ја­ли­тет на­ре­чен „шиш­миш“. Тоа е огром­на пле­ска­ви­ца од ме­ле­но и сеч­ка­но свин­ско и те­ле­шко ме­со.

Но­во Се­ло е ед­на од нај­ста­ри­те на­сел­би во Штип. Ста­ну­ва збор за исто­ри­ско ме­сто, поз­на­то по пре­сто­јот на ма­ке­дон­ски­от ре­во­лу­ци­о­нер Го­це Дел­чев, кој бил учи­тел во та­мош­но­то учи­ли­ште. Се прет­по­ста­ву­ва де­ка ка­ко по­себ­на на­сел­ба Но­во Се­ло по­сто­е­ло уште пред три­на­е­сет­ти­от век. За тур­ско­то на­се­ле­ние Но­во Се­ло би­ло за­бра­не­та те­ри­то­ри­ја. Ов­де Тур­чин не сме­ел ни­ту да по­ми­не, а ако евен­ту­ал­но се нај­дел на­ве­чер та­му, утро­то не го до­че­ку­вал жив. Не­ма­ле проб­ле­ми са­мо тие што до­а­ѓа­ле со до­бра на­ме­ра.

Во пер­и­о­дот на 19 век Но­во Се­ло игра клуч­на уло­га во бу­де­ње­то на на­ци­о­нал­на­та свест кај ма­ке­дон­ски­от на­род, осо­бе­но по учи­телс­тву­ва­ње­то на Да­ме Гру­ев и на Го­це Дел­чев. Низ исто­ри­ја­та Но­во Се­ло се спо­ме­ну­ва ка­ко род­но ме­сто на мно­гу истак­на­ти ма­ке­дон­ски деј­ци. Дел од нив си го наш­ле ме­сто­то во исто­ри­ја­та, а дел, пак, се пред­мет на нај­раз­лич­ни кон­тро­вер­зии. Име­но, ов­де се ро­де­ни: Ми­хај­ло Апо­стол­ски, То­дор Але­ксан­дров и Ван­чо Ми­хај­лов. Ед­ни од поз­на­ти­те ста­ри штип­ски се­мејс­тва, чи­е­што по­тек­ло е од Но­во Се­ло се Че­пре­га­но­ви, Ми­јал­ко­ви, Ха­џи Ки­мо­ви и мно­гу дру­ги.

(Пишува: Невена Поповска | Фото: Игор Ангеловски
Текст објавен во 77. број на неделникот „Република“, 21.02.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top