Најголемата нискобуџетна авионска компанија во централна и источна Европа, „Визер“ (Wizz Air), денеска го објави спонзорството на Скопскиот маратон во партнерство со Град Скопје. Скопскиот маратон го додава „Визер“ во своето име и годинава, како и следните три години, и ќе се одржува како Визер скопски маратон (Wizz Air Скопски маратон).
Уште од почетокот на натпреварувањата расте интересот меѓу учесниците и годинава, на 11 мај ќе се одржи по десетти пат во срцето на главниот град на Македонија. Во 2013 година првпат во настанот учествуваа речиси 5.000 тркачи од 36 земји, а за мај 2014 се очекува овој рекорд да биде повторно соборен.
– „Визер“ е позната по тоа што го стимулира авионскиот сообраќај во 35 земји, а денеска ја славиме посветеноста на „Визер“ и присуството во Македонија. Во текот на изминатите 2 и пол години постојано ги развивавме нашите операции, нашата флота и мрежата на линии. Во април 2014 ќе имаме втор авион што ќе ѝ се придружи на македонската база и 4 нови линии со што ќе почнеме летови до Париз, Брисел, Келн и Франкфурт. Ние во „Визер“ веруваме во мобилност и во активно живеење. Нашите ниски цени им овозможија на над 370 илјади Македонци во 2013 година да патуваат заради работа или задоволство и обединувањето на брендот „Визер“ со Скопскиот маратон претставува адекватно партнерство. Остануваат околу 70 дена до трката и јас ги повикувам сите Македонци да ги затегнат врвките и да трчаат на Визер скопски маратон – изјави денеска во Скопје Џозеф Варади, главниот извршен директор на „Визер“.
„Визер“ располага со флота од 45 авиони „ербас A320“ и нуди над 300 линии од 19 бази, поврзувајќи 96 дестинации во 35 земји. Во „Визер“, тимот од над 1.700 професионалци обезбедува врвна услуга и многу ниски цени на билетите заради што 13,5 милиони патници во 2013 година избраа да летаат со „Визер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова најбрзи на „Скопје трча 10 километри“
-
Дојде живот: „Виз ер“ ги укинува летовите од Скопје до Барселона и Ваксјо како и од Охрид до Лондон
-
Радован Велјановски од Охрид, пливачки тренер на Специјалната олимпијада е херојот на Скопски Маратон
-
Еванс Бивот победи на скопскиот маратон



