ВМРО-ДПМНЕ има поквалитетно и поспособно раководство од СДСМ, сметаат граѓаните. Според анкетата спроведена од 16 до 19 февруари од страна на Институтот „Павел Шатев“, 38,9 отсто од граѓаните сметаат дека владејачката партија има поквалитетно раководство, 21,6 отсто се изјасниле за опозициската СДСМ. Во телефонската анкета учествувале 1450 испитаници, а спроведена е со цел да ги утврди ставовите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.
Во истражувањето, кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението, вклучително пол, етничка припадност и возраст, но беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење, при што Скопје е земено како посебна целина. Во првиот дел од анкетата, кој беше претходно објавен, беа претставени резултатите за рејтингот на партиите и нивните лидери, додека во вториот дел граѓаните беа запрашани за нивните перцепции во однос на довербата во работата и ветувањата на политичките партии, како и блискоста на личните ставови на граѓаните со партиските позиции во однос на повеќе актуелни прашања – велат од Павел Шатев.
Процент |
|||
СДСМ
|
21,6 |
||
ВМРО-ДПМНЕ
|
38,9 |
||
Не знам
|
39,5 |
||
Вкупно
|
100 |
Која политичка партија има подобра економска програма?
Процент |
|
СДСМ
|
19,2 |
ВМРО-ДПМНЕ
|
39,3 |
Не знам
|
41,5 |
Вкупно
|
100 |
Дури 41,1 процент од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува своите ветувања, а само 18,4 проценти сметаат дека ако СДСМ дојде на власт, ќе ги исполни ветувањата кон граѓаните.
Дали сметате дека ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува своите ветувања дадени кон граѓаните ?
Процент |
|
Да
|
41,1 |
Не
|
22,4 |
Не знам
|
36,5 |
Вкупно
|
100 |
Дали сметате дека доколку дојде на власт СДСМ ќе ги исполни своите ветувања дадени кон граѓаните ?
Процент |
|
Да
|
18,4 |
Не
|
59,3 |
Не знам
|
22,3 |
Вкупно
|
100 |
59,6 проценти сметаат дека економските мерки предложени од СДСМ се нереални.
Со кое тврдење би се согласиле повеќе:
Процент |
|
Економските мерки кои СДСМ ги предлага се квалитетни и добро обмислени, или
|
17,5 |
Економските мерки предложени од СДСМ се нереални и во насока на предизборна кампања
|
59,6 |
Не знам
|
22.9 |
Вкупно
|
100 |
36,1 проценти ја поддржуваат позицијата на владејачката партија во однос на името, наспроти 16,5 проценти кои го поддржуваат ставот на СДСМ.
Чии позиции ги поддржувате повеќе во однос на името ?
Процент |
|
На СДСМ
|
16,5 |
На ВМРО-ДПМНЕ
|
36,1 |
На ниту една од нив
|
20,1 |
Не знам
|
27,3 |
Вкупно
|
100 |
Чии позиции ги поддржувате повеќе во однос на националните прашања?
Процент |
|
На СДСМ
|
16,1 |
На ВМРО-ДПМНЕ
|
36,4 |
На ниту една од нив
|
19,3 |
Не знам
|
28,2 |
Вкупно
|
100 |
Чии позиции ги поддржувате повеќе во однос на борбата со корупција и криминал ?
Процент |
|
На СДСМ
|
15,1 |
На ВМРО-ДПМНЕ
|
32,3 |
На ниту една од нив
|
27,1 |
Не знам
|
25,5 |
Вкупно
|
100 |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)