| четврток, 6 декември 2018 |

Се свршија Мила Кунис и Ештон Качер

Популарните холивудски актери Мила Кунис и Ештон Качер се свршија, потврди извор близок на двојката. По гласините дека двојката се свршила уште во септември минатата година, вчера убавата 30-годишна актерка е видена со голем дијамантски прстен.

– Мила и Ештон веќе долго зборуваат за венчавката. Многу се среќни заедно – откри изворот. Својата врската ја почнаа во април 2012 година и од тогаш се неразделни.

– Имаат многу заеднички нешта и тоа е она што ја зацврстува нивната врска – додаде изворот.

Качер во ноември минатата година, конечно, го финализираше разводот од Деми Мур, па се чини дека сега ништо не стои на патот на среќата на младата двојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top