Фармацевтската компанија „Алкалоид“ лани забележа раст на нето добивката од 3 отсто споредено со 2012 година.
Компанијата, во последниот неревидиран консолидиран извештај објавен на интернет страната на Македонска берза, наведува дека остварила нето добивка од околу 9,7 милиони евра (600.426.000 денари).
Вкупните приходи на компанијата за минатата година изнесуваат 7,97 милијарди денари, за разлика од 2012 година кога приходите изнесуваа 6,78 милијарди денари.
„Алкалоид“, според извештајот, бележи раст на продажба на готови производи и услуги и на домашниот и на странскиот пазар. Во странство продажбата е зголемена за 2 отсто (3,97 милијарди денари), додека на домашниот пазар зголемувањето е од 9 отсто (3,12 милијарди денари).
Лани компанијата вработила 73 нови работници.
„Алкалоид“ е компанија која повеќе од седум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски производи.
Во состав на компанијата работат два профитни центри: Фармација и Хемија, Козметика и Билкарство, има фирмa ќерка: Алкалоид КОНС, како и 13 подружници надвор од Македонија (во Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Романија, Украина, во Руската Федерација и САД).
Друштвото брои околу 1.400 вработени со доминантен капитал во сопственост на приватни акционери, од кои 5,05 отсто се странски инвеститори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
АВМУ со втор извештај: Медиумите неизбалансирани за референдумот, силно наклонети кон кампањата „За“
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
Нова голема добивка: Охриѓанец со 20 денари доби 80.508 евра



