| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се потпише меморандум за соработка со клиника во Штутгарт

doktori

Денеска во Штутгарт, Германија, ќе биде потпишан меморандум за соработка со клиника од тој град. Премиерот на Македонија, Никола Груевски, го завршува престојот во Германија.

Меморандумот опфаќа размена на искуства и искористување на медицинското знаење и потенцијал на клиниката во Штудгард, која е една од најнапредните во Германија.

Практичната соработка би се состоела од размена на лекари, пред сѐ, од болницата да дојдат во Скопје и  заедно со цели тимови да работат на обука и да вршат операции во присуство на македонски лекари.

Во Германија, клиниката Штутгарт е една од најголемите и најефикасни болници која обезбедува висок степен на специјализација и широк спектар на услуги во речиси сите медицински дисциплини. Болницата има  2.100 болнички кревети, а годишно се третираат над 87.000 пациенти, како и 425.000 амбулантски случаи годишно. Вкупниот број вработени е 6.800, кои обезбедуваат непречено функционирање на болницата.

Болницата во Штутгарт меѓу другото опфаќа и спроведување на настава која е дел од Универзитетот во Тубинген со директен пристап до најновите научни сознанија и методи во дијагностиката и терапијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top