| четврток, 6 декември 2018 |

Гроб со злато во Охрид

zlatna maska

Во „Куќата на Робевци“ во Охрид ќе биде изложен гроб со злато, пишува Вечер. Таканаречената „Златна соба“ ќе се отвори до крајот на годинава, а таму ќе бидат изложени сите златни предмети кои сега се во депоата на Завод и Музеј на Охрид, како зЗлатната маска и златен накит. Гробот ќе биде изложен со целото злато најдено во него.

– Гробот ќе биде оригинално презентиран – велат за „Вечер“ од Завод и Музеј. Останатите, повеќе од 400, пронајдени  експонати при археолошките ископувања на локалитетите во Охрид и охридскиот крај ќе бидат сместени во повеќе витрини.

– Златната соба веќе е готова. До крајот на годинава ќе биде отворена – вели директорката на охридскиот Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска.

Исто така, финишира и изработката на каталогот кој беше единствената причина поради која се одложија најавите за отворањето на „Златната соба“. Според раководството на Завод и Музеј, било потребно долг период за да се изработи ова луксузно издание кое на 400 страници ќе дава опис, димензии и фотографии за секој предмет посебно.

Просторијата во која ќе биде изложена една од најскапоцените музејски поставки во Македонија ќе биде максимално обезбедена со најсовремена апаратура за заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top