Поглаварот на Исламската верска заедница нема проблем со мапата на Голема Албанија, која негова пријателка ја поставила на неговиот профил на „Фејсбук“.
На картата, која носи наслов „Обединети албански држави“ се прикажани етничките територии за кои радикалните организации на Албанците сметаат дека треба да ја сочинуваат единствената држава Голема Албанија.
Покрај територијата на Албанија, на мапата, како што пишува „Канал 5“, се прикажани и делови од Црна Гора, Санџак и Прешевската долина во Србија, дел од севрозапандите територии на Грција во регионот на Епир, како и повеќе од половина од територијата на Република Македонија.
За разлика од други географски карти на кои вообичаено се прикажува Голема Албанија, на оваа Скопје е длабоко во посакуваните албански територии кои се простираат дури до Кавадарци и Неготино.
Цели 25 часа откако е поставена провокативната мапа за којашто поглаварот на ИВЗ е свесен дека ги навредува чувствата на Македонците и сите други неалбанци во земјава, таа не е тргната од неговиот профил на „Фејсбук“. Реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи пред десетина дена преку „Фејсбук“ му порача на прилепскиот градоначалник дека ќе го стигне казната од господ поради уривањето на прилепската џамија. По низата остри реакции и осуди за ширење говор на омраза, Реџепи повторно се огласи со прашање: „Од кога вистината е говор на омраза“?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев праќа трудова инспекција кај поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи!
-
На Денот на независноста „Ристо Шишков“ отворен со косовска претстава за Голема Албанија
-
Руски „Известија“ предупредува: Во јуни почнува реализацијата на Голема Албанија
-
Пеколниот план на американскиот дипломат Вокер за обединување на сите Албанци