| четврток, 6 декември 2018 |

Функционер на СДСМ: Имаме рок до 15 февруари да кажеме дали ќе одиме на избори

otpor-652
Се уште не се знае дали опозицијата ќе оди на локални избори или ќе ги бојкотира. Членови од СДСМ за „Република“ рекоа дека останува одлуката за бојкот на изборите, но се уште не се знае дали истата ќе се промени. Рокот за конечната одлука, велат, им е до 15 февруари и дотогаш нема ништо да биде сигурно.
-Преговорите траат. За нас 15 февруари е денот Д- изјави кратко партиски функционер од СДСМ.
Инаку, здружената опозиција денеска на пладне ќе одржи мирен протест пред Министерството за земјоделие, лоцирано во близина на стадионот „Филип Втори“ каде што се очекува да биде соопштен ставот од вчерашниот состанок на раководството на СДСМ.
Законскиот рок за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и советници истекува на 16 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top