Хрватскиот тим Нексе ги продолжи успешните игри против македонскиот вицешампион Металург, откако вечерва повторно славеше победа од 27-23 во рамките на СЕХА лигата.
Металург имаше предност по првиот дел, ракометарите од Скопје заминаа на пауза со 12-10, но потоа паднаа во темпото и загубија. Нексе е незгоден ривал за Металург од самиот почеток на Регионалното натпреварување, а со оваа победа го оддалечија македонскиот вицешампион од фајналфорот.
Шанса за Металург е да се остварат најавите за проширување на форматот за завршниот турнир и за титулата да играат 6 екипи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


