| четврток, 6 декември 2018 |

Утре вонредна седница на ВМРО-ДПМНЕ поради бојкотот на ДУИ

vmro-dpmne1_1

За утре во 20 часот е закажана вонредна седница на Извршниот Комитет ан ВМРО-ДПМНЕ, јавува дознава Пресс24 од партиски извори. Вонредната средба доаѓа по вечерашната најава од ДУИ за барање за распуштање на Парламентот по непостигнувањето договор со коалициониот партнер за настап со консензуален кандидат на претстојните претседателски избори.

Според наши извори, претходно ќе се оди на поширока средба со коалиционите апртнери, настан кој ќе се случи веднаш по враќањето на претседателот на партијата и премиер Никола Груевски од службеното патување во потрага по меѓународна поддршка за државните позиции и странски инвеститори.

Вечерва ДУИ излезе со конечен став- да побара распуштање на Парламентот поради како што велат- кризата која настанала откако нес е утврдил заеднички кандидат за шеф на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top