| четврток, 6 декември 2018 |

Главната уредничка на 24 вести даде оставка поради несогласување со менаџментот

bogdanka

Богданка Кузевска си заминува од телевизијата 24вести поради серија несогласувања со менаџментот. Отказот го дала деновиве, а од први март повеќе не е дел од информативната програма на телевизијата.

-Поради несогласувањата околу начинот на работа во информативниот дел и неколку писма од страна на менаџментот полни со според мене неосновани забелешки како и парични казни за мене, јас ја понудив мојата оставка од главен и одговорен уредник.

Потоа не успеавме да најдеме заедничко разбирање, по што следуваше дефинитивната одлука. Несогласувањата беа околу мојата невклученост во клучни одлуки, како на пример отказ на уредник , или промена на уредник во репортер, без воопшто да бидам консултирана, што подразбираше целосно маргинализирање на мојата функција.

Можеби и моето боледување од еден месец поради операција придонесе за таков епилог, но тоа најдобро го знае менаџментот, вели Кузевска за НОВА, која од денеска официјално веќе не е на работа.

Пред Кузевска главен и одговорен уредник беше Боби Христов кој беше сменет од менаџментот, но остана во телевизијата.

За три години, 24 вести имала 4 главни уредници: Анита Петровска, Љупчо Цветановски, Боби Христов и Богданка Кузевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top