| четврток, 6 декември 2018 |

На 25 мај референдумот за поголема автономија на Крим

krim vrhovna rada

Врховната рада на украинската Автономна Република Крим објави дека референдум за поголема автономија и проширување на ингеренциите ќе се одржи на 25 мај.

Претходно, портпаролката на претседателот на кримскиот Парламент, Оксана Корнујчук изјави дека „мирот и спокојството во Крим се ставени под закана поради противуставното заземање на власта во Украина од радикалните националисти со поддршка на банди“.

– Вчерашните протести пред зградата на Парламентот доведоа до човечки жртви, како последица на растечкиот екстремизам и насилство што ја има зафатено земјата. Украина се движи кон целосен хаос, анархија и економска катастрофа и во такви услови Врховната рада како највисок орган на кримската автономна власт ја презема одговорноста за судбината на Крим. Со спроведувањето на референдум поголема автономијата и проширување на ингеренциите ќе им се дозволи на граѓаните на Крим сами да одлучат за иднината на автономијата без надворешно мешање, посочи Корнујчук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top