| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовска: ВМРО-ДПМНЕ успеа драстично да ја намали невработеноста

svetlana jakimovska

ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија во Македонија која успеала драстично да го намали процентот на невработеност. Тоа е доказ дека политиките на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се исправни и се во интерес на сите граѓани на Република Македонија, истакна денеска Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Уште на почетокот кога граѓаните ја дадоа својата поддршка на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нашите заложби и ветувања беа дека напорно ќе работиме и ќе се трудиме да го решиме најгорливиот проблем во Република Македонија, а тоа е  невработеноста, која впрочем во минатото ја создаде СДСМ со своите погубни политики – рече Јакимовска.

ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија во Македонија која успеала драстично да го намали процентот на невработеност. Тоа е доказ дека политиките на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се исправни и се во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

-Една од многуте мерки кои што оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги воведе за намалување на невработеноста е и мерката со која се овозможува земање на поволни  кредити за самовработување. Овие кредити за самовработување можат да ги добијат невработените евидентирани лица во Агенцијата за вработување. Според предвидените  услови за секое ново отворено работно место може да се добијат 3000 евра кредит.  Доколку се формира мала фирма со тројца вработени, кредитот може да достигне и до  9.000 евра. За дејности од поголем обем може да се здружат и петмина невработени. Во тој случај првиот добива 5000 евра, а останатите по 3000 евра или вкупно 17.000 евра за отпочнување на сопствен бизнис – посочи Јакимовска.
Од владејачката партија се цврсто убедени дека и оваа мерка, како и другите ќе придонесе за подобар живот на македонските граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top