| четврток, 6 декември 2018 |

„Шкода октавиа“ прогласен за „Автомобил на годината“ во Македонија

Во пријатна атмосфера и во присуство на голем број пријатели, гости и претставници на медиумите синоќа во ноќниот клуб „Станица 26“, „Порше Македoнија“ и официјално за автомобилот „шкода октавиа“ го доби признанието „Автомобил на годината“. Наградата ја примија генералниот директор на „Порше Македoнија“ г. Златко Муцунски, и бренд менаџерот за „шкода“, г. Миле Станчев, кои некриејќи го своето задоволство од добиеното признание, особено поради фактот што стручното жири и покрај силната конкуренција едногласно ја избра „шкода октавиа“, имаа кратки обраќања пред присутните каде и двајцата задоволно изјавија дека „шкода октавиа“ тоа навистина го заслужува.

DSC_0086_Deni

Националното стручно жири составено од Агрон Сулејман-претседател, Горан Антевски, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ и Томислав Биљарац пред присутните ги истакнаа критериумите по кој беше направен изборот, во кој конкурираа Мазда 3, Мерцедес ЦЛА, Митсубиши Спејс Стар, Пежо 308, Пежо 2008 и Сузуки С-Крос.

Ова е 19-ти пат како се доделува наградата, а „шкода октавија“ по втор пат ја добива оваа престижна титула.

DSC_0031_Deni

 

– Анализиравме повеќе аспекти, како безбедност, комфорт, перфоманси, технички детаљи, моќност и перфоманси на моторите, потрошувачка на гориво, дизајн, еколошки стандарди, соодносот квалитет/цена, и токму „шкода октавиа“ се најде на врвот. Иако конкуренцијата беше силна, немавме дилеми, оваа година „шкода октавиа“ е автомобил на годината во Македонија – изјавија од стручното жири.

– Благодарен сум, а воедно и среќен за наградата со која ова година се закити „шкода октавиа“. Сметам дека сосема заслужено стручното жири својот избор и го довери токму на третата генерација на оваа убавица. Таа обединува повеќе аспекти, дизајн, квалитет, безбедност и иновативни технолошки решенија. Не е случајно што во Македонија се има продадено близу 2000 автомобили, доволен доказ дека клиентите знаат да ги препознаат вистинските вредности – изјави Златко Муцунски, генерален директор на „Порше Македонија“.

DSC_0311_Deni

– „Октавија“ е срцето на брендот „шкода“ и во новата веќе трета генерација ги задржува добро препознатливите каракеристики на брендот – бескомпромисен квалитет, неспоредлива пространост, одлична удобност и легендарна издржливост. Овие карактеристики во новиот модел на „шкода октавиа“ се дополнително надградени со фасцинантниот и прецизен дизајн и низата на најнапредни технололошки решенија – да ги споменеме само екомоничните и моќни TSi и TDi мотори, автоматските 7 степени DSG менувачи, можноста за погон на сите тркала, врвната безбедност истакната преку 9 воздушни перничиња, детекторот за замор на возачот и адаптивниот темпомат со радар. Сите овие елементи зедно допринесуваат искуството на возење на новата „шкода октавиа“ да биде фасцинантно секој ден – изјави Миле Станчев, бренд менаџер за „шкода“.

Атрактивна и економична, третата генерација на „октавија“ е најпопуларниот модел од брендот „шкода“ кој овозможува удобно, безбедно и практично патување. Таа нуди уште поголем простор и комфорно место за пет лица, како и најголем багажник во класата со волумен од импресивни 590 литри. Автомобилот може да се пофали со значително зголемена безбедност и 19 проценти помала потрошувачка на гориво, што претставува одлична заштеда, особено при долгите патувања.

Внатрешноста е надополнета со најмодерни технолошки додатоци и бројни „едноставно паметни” решенија , нов мултимедијален систем преку кој можат да се менуваат параметрите на возилото, но и многу други корисни уреди кои патувањето го прават уште поубаво и позабавно. Секако тука е и непобедливиот сооднос квалитет / цена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top