Националното жири при изборот „Автомобил на годината во Македонија“ одлучи да оваа 2018 година титулата ја додели на комплетно новиот „Дачиа дастер“. Националното жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост во кои „Дастерот“ ја направирешавачката предност.
Новиот „Дастер“ оди чекор понапред во досега веќе воспоставениот квалитет – вистински SUV со комплетно нов модерен надворешен стајлинг, редизајнирана внатрешност со фокус врз комфорот и квалитетот како и асортиман од практична нова опрема која ви помага во секојдневното возење.
Подобреното искуство со возењето со погон на четири тркала и истата офроуд способност, го позиционира комплетно новиот „Дастер“ меѓу најдобрите на пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.